Фото: ЕПА

ИОК

  • Би сакале јавноста да се почувствува како дел од приказна што ги комбинира емоциите, телото и душата, вели Марија Лаура Јасконе, директорка на церемониите на ЗОИ 2026. Отворањето на Игрите треба да се одржи на стадионот „Сан Сиро“ во Милано, а затворањето во „Арена ди Верона“

„Убавина во акција“ е насловот на церемонијата на затворање на Зимските олимписки игри (ЗОИ), која ќе се одржи во „Арена ди Верона“ на 22 февруари 2026 година. Организацискиот комитет (ОК) на ЗОИ 2026 во Милано и во Кортина д’Ампецо, ги откри клучните факти на таа церемонија. Така, церемонијата на затворањето на ЗОИ 2026 е именувана „Убавина во акција“, ги слави италијанската култура, креативноста и единството на спортот, уметноста и убавината, пишува ИОК.
Церемонијата ќе се одржи во „Арена ди Верона“, место на светското наследство, трансформирајќи го античкиот амфитеатар во спектакуларна сцена, која се протега до „Пјаца Бра“ и Филхармонискиот театар во Верона. Предводен од Алфредо Акатино, тимот ги вклучува меѓународната балетска ѕвезда Роберто Боле и познати италијански креативци во музика, сценографија, костими и режија на претстави, пишува Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).
– ЗОИ 2026 уште еднаш избраа да ја прослават италијанската извонредност и да го промовира италијанското културно наследство. Вечна сцена, каде што историјата ја прифаќа иднината, на настан што ги комбинира спортот, уметноста и културата во прослава на италијанската убавина – рече претседателот на ОК, Џовани Малаго, пренесе ИОК.
Шоуто ќе биде инспирирано од италијанската култура и уметност и ќе претставува фузија на опера, музика, танц, кино, дизајн и технологија, ќе ги спои традицијата и иновациите, а наедно ќе ја слави креативната способност на Италијанците да ја трансформираат естетиката во емоција, пишува ИОК.
– Со „Убавината во акција“, секој јазик, како што се танцот, музиката, киното и архитектурата, станува дел од обединета кореографија. Убавината не само што ќе биде прикажана туку таа ќе биде и доживеана, споделена и вдишана. Би сакале јавноста да се почувствува како дел од приказна што ги комбинира емоциите, телото и душата – рече Марија Лаура Јасконе, директорка на церемониите на ЗОИ 2026, пишува ИОК.
Церемонијата на отворањето треба да се одржи на стадионот „Сан Сиро“ во Милано на 6 февруари в година и ќе биде насловена „Хармонија“, пишува ИОК. Г.И.