БОРЕЊЕ – ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО БУДИМПЕШТА
Македонскиот борач во слободен стил Владимир Егоров (категорија до 57 кг) го освои златниот медал на Европското првенство (ЕП) во Будимпешта (Унгарија). Тој во финалната борба го совлада Азербејџанецот Алијабас Рзазаде со 8-6, откако поведе со 8-0 по првите две рунди. До златниот медал Егоров ги победи уште Германецот Никлас Штехеле (5-4) и Ерменецот Манвел Хнџрстјан со технички туш (10-0). За Егоров (26), кој е член на штипски Балканец, ова е втор медал од ЕП, во Букурешт во 2019 година освои бронза за Македонија. Вчера преку репасаж за бронзен медал се бореше Бесар Алили (до 61 кг) против Полјакот Едуард Григорев.