Фото: ЕПА
  • Управ­но­то те­ло на спор­тот, Ме­ѓу­на­род­на­та фе­де­ра­ци­ја за хо­кеј на мраз, гла­са­ше во де­кем­ври 2023 го­ди­на и ги на­пра­ви штит­ни­ци­те за­дол­жи­тел­ни на си­те ме­ѓу­на­род­ни на­ста­ни. НХЛ и Здру­же­ни­е­то на игра­чи на НХЛ се сог­ла­си­ја да ја одо­брат упо­тре­ба­та на штит­ни­ци за врат за но­ви­те игра­чи поч­ну­вај­ќи од след­на­та се­зо­на, ка­ко дел од нив­ни­от нај­нов ко­ле­кти­вен до­го­вор, пи­шу­ва АП

Ќе има голема визуелна разлика помеѓу хокејот на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано и во Кортина д`Ампецо и верзијата што се игра во НХЛ-лигата, откако секој играч е должен да носи штитник за врат, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
Управното тело на спортот, Меѓународната федерација за хокеј на мраз, гласаше во декември 2023 година и ги направи штитниците задолжителни на сите меѓународни настани. НХЛ и Здружението на играчи на НХЛ се согласија да ја одобрат употребата на штитници за врат за новите играчи почнувајќи од следната сезона, како дел од нивниот најнов колективен договор, пишува „Асошиејтед прес“. Истото тоа го направија и со визирите за кациги во 2013 година.
– Не сум носел штитник за врат уште од младинскиот хокеј. Но, добро е – рече американскиот напаѓач Брејди Ткачук.
Канаѓанецот Марк Стоун рече дека мисли дека штитниците за врат ќе станат норма, исто како визирите, а пред тоа и кацигите. Засега, огромното мнозинство играчи одлучија да не носат штитници за врат доброволно, па затоа ЗОИ ќе бидат нешто ново.
– Може да биде приспособување. Не е лошо, искрено. Не мислам дека многу момци го сакаат, но мислам дека откако ќе излезете и ќе се движите, навистина не го забележувате тоа току многу – рече капитенот на САД, Остон Метјуз, пренесе АП.
Американската хокеарска лига, едно ниво под НХЛ, е во својата втора сезона со задолжителни штитници за врат. Од Ахиловата тетива на Ерик Карлсон до зглобот на Евандер Кејн, низ годините имало повреди од исеченици од лизгалки.
– Гледате некои од инцидентите што се случиле. Носам материјал отпорен на сечење на зглобовите, глуждовите и стапалата… Очигледно е важно да бидете заштитен во секое време – рече Метјуз. Н.М.