ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ЏИРО Д’ИТАЛИЈА

Британскиот велосипедист Сајмон Јејтс триумфира на годинашното издание на престижната грантур-трка Џиро д’Италија. За Јејтс тоа е втора грантур-титула, откако победи на трката во Шпанија, Вуелта, во 2018 година. Последната 21-та етапа долга 143 км му припадна на Холанѓанецот Олав Кој, со цел во главниот град на Италија, Рим. Јејтс ја заврши трката со вкупно време од 82 часа, 31 минута и една секунда, три минути и 56 секунди пред второпласираниот, Исак Дел Торо од Мексико. Третото место му припадна на Еквадорецот Ричард Карапаз со четири минути и 43 секунди заостанување зад победникот. Во јули на програмата е втората грантур-трка за годинава, Тур де Франс. Г.И.