Фото: Маја Јаневска-Илиева

АТЛЕТИКА

Продолжуваат возбудливите натпревари на Светското првенство (СП) во атлетика во Токио (Јапонија). По четири дена тоа бележи над 300.000 присутни гледачи на Националниот стадион. Секој ден беше исполнет со незаборавни изведби, вклучувајќи рекордни скокови и историски моменти, покажувајќи ги возбудата, страста и глобалната привлечност на атлетиката, пишува Светската атлетика (СА).

Доделени се и нови златни медали. Канаѓанецот Итан Кацберг го освои златниот медал во фрлање кладиво со нов рекорд на СП од 84,70 метри, со што ја одбрани титулата од Будимпешта. Хамиш Кер од Нов Зеланд победи во скок во висина со 2,36 метри, што е најдобар резултат во светот сезонава. Американската атлетичарка Кордел Тинч го освои најсјајниот медал во трката на 110 метри со пречки со време од 12,99 секунди. Кениската атлетичарка Фејт Кипјегон се закити со злато на 1.500 метри, минувајќи ја патеката за 52,15 секунди, со што и ја одбрани титулата.

Не сметајќи го вчерашниот ден во целост, најмногу медали имаат САД (шест злата и две бронзи), следуваат Кенија (три злата и по едно сребро и бронза) и Канада (три злата), а вкупно 23 држави освоија најмалку по еден медал. Во понатамошниот тек на СП се очекуваат уште многу возбудливи трки и натпревари по дисциплини. Г.И.