Во вчерашното последно коло екипите на Алкалоид и Мулти Есенс во директен дуел одлучуваа за шампионската титула
ШАХ – ЕКИПНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА
Машките екипи на актуелниот шампион Алкалоид и младите шахисти што потекнуваат од шаховската школа на Алкалоид, а кои настапуваат за Мулти Есенс, во вчерашното седмо, последно коло, во директен дуел одлучуваа за титулата екипен првак на Македонија за 2025 година. Шампионатот се одржува во Струмица во конкуренција на осум клуба.
Тоа се и единствените две екипи што по шест кола немаа пораз на првенството, а Мулти Есенс има еден нерешен резултат. Во шестото коло и двете екипи забележаа победи и нови бодови за врвот. Во директен дуел ќе се одлучува и за третата позиција, а силите ќе ги одмерат Нов Напредок и Гамбит Асеко СЕЕ, од кои Гамбит Асеко СЕЕ имаше шанса дури и за втората позиција.
Во женска конкуренција титулата за 2025 година ја освои Алкалоид, а ланскиот првак Центар е на втората позиција меѓу шест екипи.
Резултати, 6. коло: Мулти Есенс – Нов Напредок 3,5-2,5, Гамбит Асеко СЕЕ – Шкупи 5-1, Куманово 1 – Прилеп 4-2, Гостивар – Алкалоид 0-6.
Табела: Алкалоид 12 поени (29 по табли), Мулти Есенс 11 (23,5), Гамбит Асеко СЕЕ 9 (25,5), Нов Напредок 7 (20,5), Гостивар 4 (15), Куманово 1, 2 (9,5), Прилеп 2 (9,5), Шкупи 1 (11,5). Г.И.