ШАХ – МЛАДИНСКО СП 2025
По три победи и порази е епилогот на шестемина македонски претставници во петтото коло на Светското првенство (СП) за младинци во шах, во возрасните категории до 14, 16 и до 18 години за момчиња и за девојчиња во Драч (Албанија).
ФМ Антон Златков (2.351 рејтинг-поени, рангиран 33-ти пред СП) во категоријата до 18 години со црни фигури го победи Гркот Димитриос Папајоану (2.239, 68-ми) и е единствениот Македонец без пораз на ова СП и има најмногу поени, 3,5. ЖФМ Моника Жежовска (1.966, 29-та) вторпат загуби, со црни фигури од ЖИМ од Кина Музијан Гао (2.226, шеста). Во категоријата до 16 години, Мајкл Бурнс (2.131, 68.) со бели фигури ја забележа втората победа, над Русинот Антон Тимошенко (1.970, 101.), а Делфина Огњановска (1.610, 97.) со црни фигури загуби од Швајцарката Ена Бангертер (1.895, 57.). Даниел Стефаноски (1.833, 112-ти) во категоријата до 14 години, вторпат победи, со црни фигури против Андреас Караолис од Кипар (1.680, 128.), а Елисавета Бурнс со црни фигури загуби од Сали Хамадех од Либан (1.674, 74-та). По петтото коло, Златков со 3,5 поени (две победи и три ремија) е 29-ти, Жежовска со три поени е 18-та, М. Бурнс е 83-ти со 2,5 поени, Огњановска е 106-та со еден поен, Стефановски со два поена е 40-ти и Е. Бурнс со еден поен е 93-та. Вчера се играше шестото коло, а денеска е слободен ден на СП 2025. Г.И.