БОРЕЊЕ

Македонскиот борач Владимир Егоров (категорија до 57 кг) го освои петтото место на Светското првенство (СП) во борење во слободен стил што се одржува во Загреб (Хрватска). Нуров, кој е европски шампион од Будимпешта (Унгарија) во 2022 година, во првото коло на СП 2025 без борба го помина Индиецот Аман Аман, во второто коло со 10-0 го совлада Хусеин Албехадилалборс од Ирак, во третото коло беше поразен со 5-16 од Бегзат Алмаз Уулу од Киргистан, но обезбеди репасаж. Во првата репасажна борба го победи со 10-0 Канаѓанецот Гарет Остин Сандер, а потоа во борбата за бронзата загуби со 1-3 од Гуломјон Абдулаев од Узбекистан. Магомедгаџи Нуров (до 97 кг), носител на бронзен медал на СП 2019, не успеа да стигне до репасажот, бидејќи Русинот Ахмед Тажудинов, кој го победи Нуров, не се пласира во финалето на СП 2025. Г.И.