ТЕНИС
Инспирација за проектот за статуата е начинот на кој Рафаел Надал беше почестен, со присуството на Мареј, неодамна на Ролан Гарос, каде што Надал освои 14 титули на Отвореното првенство на Франција, пишува АП
Двократниот шампион на тенискиот гранслем-турнир Вимблдон, Енди Мареј, ќе помогне во дизајнирањето на сопствена статуа за одбележување на 150-годишнината од турнирот на трева во 2027 година, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
Организаторите на Вимблдон изјавија дека имаат цел да ја откријат статуата на британскиот тениски великан за време на изданието во 2027 година.
– Тој со право мора да биде вклучен во тоа и тој и неговиот тим ќе бидат вклучени – изјави претседателката на клубот „Ол Ингланд “, Деби Џеванс.
Мареј го заокружи 77-годишното чекање на Велика Британија за домашен шампион во поединечна конкуренција за мажи во 2013 година, а потоа тој славеше и во 2016 година, за неговата трета титула во поединечна конкуренција на гранслем-турнир вкупно.
Инспирација за проектот за статуата е начинот на кој Рафаел Надал беше почестен, со присуството на Мареј, неодамна на Ролан Гарос, каде што Надал освои 14 титули на Отвореното првенство на Франција, пишува АП.
– Гледавме како Надал добива таква плакета на Ролан Гарос, што беше многу посебно. Но, си помисливме, што сакаме за Енди? – рече Џеванс.
Бронзена статуа на Фред Пери, претходниот британски шампион во машка конкуренција пред Мареј во 1936 година, беше поставена на Вимблдон во 1984 година, по повод 50 години од неговата прва титула во поединечна конкуренција на тој турнир. Н.М.