КАЈАК
Викендов на Матка по 54-ти пат ќе се одржи традиционалното меѓународно издание на Илинденскиот кајак-слалом, ИКАС 2023. Денеска по слаломската трка ќе се организира и првиот Европски куп во спринт. По две години поради пандемијата на ковид-19 и по укинувањето на сите мерки за патување, „ИКАС 2023“ се враќа на старите патеки. Пријавени се околу 150 натпреварувачи во двете дисциплини, традиционален слалом и европски куп во спринт. Од Кајакарската федерација на Македонија (КФМ) информираа дека во организација на КФМ, Македонија во мај годинава ќе биде домаќин на Европското првенство (ЕП) во дисциплината спуст на дива вода.
Годинава првпат гостин ќе биде тимот на Казахстан, а селектор им е Атанас Николовски, еден од најуспешните македонски кајакари. Ќе има учесници и од Србија, Грција, Турција, БиХ, Хрватска, Словенија, Косово, Ирска… Македонскиот тим ќе има околу 20 кајакари. Г.И.