Европскиот куп за јуниори во џудо – престижен меѓународен турнир во организација на Џудо федерацијата на Македонија кој се бодува за светската ранг листа, ќе се одржи на 2 и 3 август во Спортската сала „Јане Сандански“.
Над 300 млади џудисти од повеќе од 25 земји ќе се борат за бодови и слава на патот кон европските и светските првенства.
По одличната организација на Европското првенство за кадети ова е уште еден значаен натпревар што ѝ е доверен на Џудо федерацијата на Македонија.
– Бидете дел од големиот спортски настан и почувствувајте ја магијата на џудото – порачуваат од Џудо федерацијата на Македонија.