ФОРМУЛА 1
На патеката на која во 2022 година беше поставен нов рекорд во Формула 1 со тридневна посетеност од околу 440.000 гледачи, утре, со почеток во 21 часот, на ред е 19. трка сезонава во Формула 1 (Ф1), за големата награда на САД, во Остин, пишува Ф1 на својата интернет-страница. Пред неделната главна трка, денеска од 19 часот на програмата е и четвртата од вкупно шесте спринт-трки за сезонава.
Патеката во Остин е долга 5,513 км, рекордот за најбрзо извозен круг го држи Шарл Леклер од 2019 година, најмногу пол-позиции освоија Михаел Шумахер и Луис Хамилтон, по четири, а најмногу победи забележа Хамилтон, шест.
По извозени 18, од вкупно 24 гранпри-трки сезонава, во водство меѓу возачите е Оскар Пјастри со 336 бода, а потоа на табелата се Ландо Норис со 314, актуелниот светски шампион Макс Ферстапен со 273, Џорџ Расел со 237, Леклер со 173… Н.М.