Фото: Маја Јаневска Илиева

ШАХ

Ју Венјун, Александра Горјачкина и Ана Музичук ја предводат листата со учеснички на Светскиот куп на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) за шахистки, престижен нокаут-турнир што се одржува секои две години, кој ќе го има своето трето издание во Батуми (Грузија), од 5 до 29 јули годинава, пишува ФИДЕ.
Наградниот фонд изнесува извонредни 676.250 долари, еден од најголемите досега за еден женски шаховски натпревар, пишува Светската шаховска федерација. Венјун е светска првенка, Горјачкина (петта на ранг-листата на ФИДЕ) и Музичук (седма во светот) беа полуфиналистки на претходниот Светски куп, во 2023 година…
Досега се пласирани 65 од 103 шахистки, а другите места ќе бидат одредени до 10 јуни, крајниот рок за федерациите што ги исполнуваат условите да ги поднесат своите номинации. Дополнително, петте шахистки што ќе се пласираат според рејтингот ќе бидат објавени до недела, пишува Светската шаховска федерација. Н.М.