Бејзбол-репрезентацијата на Венецуела ја победи селекцијата на САД со 3-2 во возбудливото финале на Светскиот бејзбол-класик (ВБЦ) и првпат стана светки првак, по натпреварувањето во Мајами (САД).
– Никој не веруваше во Венецуела, но сега го освоивме првенството. Ова е прослава за целата венецуелска земја – рече репрезентативецот на Венецуела, Еугенио Суарез, пренесе „Би-би-си“.
Публиката гласно навиваше кога Суарез го постигна победничкиот поен во почетокот од деветтиот дел (т.н. ининг), а играчите брзо истрчаа на теренот за да прослават. САД освоија една титула на шесте досега одржани првенства ВБЦ, откако настанот почна да се игра во 2006 година.
Годинашниот турнир беше првиот Светскиот бејзбол-класик на кој учествуваа носителите на четирите најпрестижни награди на американската бејзбол-лига (МЛБ), Шохеи Охтани, Арон Џаџ, Пол Скенес и Тарик Скубал, јави „Би-би-си“. Г.И.
































