Фото: ЕПА

Во пос­лед­ни­те пет ки­ло­ме­три удрив­ме во го­ле­ма кар­па и имав­ме ски­на­та гу­ма, но, се­пак, тоа бе­ше на­ви­сти­на до­бро во­зе­ње, ре­че 19-годишниот Ва­ри­а­ва

РЕЛИ ДАКАР

Деветкратниот светски шампион во рели, Себастиен Леб, е надвор од релито Дакар, кое се вози во Саудиска Арабија, откако проверката спроведена од техничките стјуарди на ФИА по третата етапа доведе до тоа на Леб да му биде забрането да продолжи поради оштетување на неговиот болид, пишува агенцијата „Ројтерс“.
Јужноафриканецот Сауд Вариава со 19 години стана најмладиот победник на етапа на релито Дакар во категоријата врвни автомобили, во која Хенк Латеган од Јужна Африка води пред петкратниот победник Насер ал Атијах од Катар, а трет е Матијас Екстрем од Шведска, пишува „Ројтерс“.
– Во последните пет километри удривме во голема карпа и имавме скината гума, но, сепак, тоа беше навистина добро возење од наша страна – рече Вариава, пренесе „Ројтерс“.
Во категоријата мотоцикли, шпанскиот возач Лоренцо Сантолино ја оствари својата прва етапна победа, но Австралиецот Даниел Сандерс го задржа водството во генералниот пласман, со една минута и 57 секунди повеќе од Американецот Скајлер Хаус.
Двонеделното рели, кое се смета за најтешкиот настан за издржливост во светот, трае до 17 јануари, пишува „Ројтерс“. Н.М.