На трката во 2016 година, Ботас ја постави најголемата брзина во историјата на Ф1 од 372,4987 км на час, но телеметријата на Вилијамс рече дека неговата максимална брзина достигнала 373,3 км на час, пишува Формула 1

ГОЛЕМА НАГРАДА НА МЕКСИКО

Дваесеттата трка сезонава во Формула 1 е утре (од 21 часот) за големата награда на Мексико, каде што првото гран при се одржа во 1963 година. Рекордот за најбрз круг на автодромот „Херманос Родригез“ го оствари Валтери Ботас во 2021 година, на патеката долга 4,304 км.
Намалувањето на воздушниот притисок за 20 отсто на над 2.100 м надморска височина значи дека Мексико ја престигна Италија како трка со најголема максимална брзина, пишува Формула 1. На трката во 2016 година, Ботас ја постави најголемата брзина во историјата на Ф1 од 231,46 милја на час (372,4987 километри на час), но телеметријата на Вилијамс рече дека неговата максимална брзина достигнала 231,96 милја на час (373,3 км на час) пред да закочи за првиот свијок, пишува Формула 1.
На оваа патека најмногу пол-позиции оствари Џим Кларк, четири, а најмногу победи забележа Макс Ферстапен, пет. По 19 трки сезонава, Ферстапен води со 354 бода, а потоа следуваат Ландо Норис со 297, Шарл Леклер со 275, Оскар Пјастри со 247, Карлос Санис Јуниор со 215 бода… Н.М.