ЏФМ им честита на сите млади џудисти за постигнатиот успех, со желба за постигнување повеќе успех во 2025 година
ЏУДО
Во пресрет на 2025 година во повеќе истакнати македонски џудо-клубови беше одржано полагање за ученички појаси, во согласност со правилникот на Дан-комисијата и пред претставник од Дан-комисијата на Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ). Притоа ЏФМ им честита на сите млади џудисти за постигнатиот успех, со желба за постигнување поголем успех во 2025 година.
Така, полагањето за ученички појаси беше одржано во салата на ЏК Дрим во Струга и беше спроведено во согласност со правилникот за работа на Дан-комисијата. Испит полагаа 42 џудисти и сите се стекнаа со повисок појас. Во салата на ЏК Миоки во Скопје се одржа полагање за ученички појаси, кое беше спроведено во согласност со Правилникот за работа на Дан-комисијата и пред членот на оваа комисија, проф. Славе Димитријоски. Испит полагаа 46 џудисти/ки и сите се стекнаа со повисок појас.
Во Прилеп тоа се случи во салата на ЏК Мастер, во согласност со правилникот за работа на Дан-комисијата и пред членот Киро Здравески полагаа 13 џудисти, кои се стекнаа со повисок појас. ЏК Карпош џудо мастер успешно организира вакво полагање, а беше спроведено во согласност со предвидениот правилник пред членот на Дан-комисијата Дејан Мицкоски. На полагањето се појавија 15 џудисти, кои се стекнаа со повисок појас. Полагање за ученички појаси одржа и ЏК Ипон од Скопје, со клупска комисија и претставникот од Дан-комисијата на ЏФМ Дејан Мицкоски, кој ја следеше регуларноста на полагањето. Успешно положија и се стекнаа со повисок појас 15 члена на овој клуб, информираат од ЏФМ. Г.И.