СЕРИЈА А

Марија Петровска (тежинска категорија до 50 кг), Симона Заборска (до 55 кг), Викторија Јовановска (до 61 кг), Вероника Костовска (до 61 кг), Фахик Весели (до 60 кг), Петар Заборски (до 75 кг), Давид Петков (до 67 кг), Петар Спасеновски (до 84 кг), Витомир Трајковски (до 84 кг) и Стефан Стојановиќ (над 84 кг) се 10-те македонски претставници пријавени за настап на турнирот од Серија А, од денеска до недела, во кипарскиот град Ларнака, во конкуренција на 946 натпреварувачи од 83 држави. Трајковски на неодамна завршеното Европско првенство за постари јуниори (до 21 година) во Грузија го освои сребрениот медал. Претставникот на Макпетрол, Заборски, и каратистката на Олимпик спорт, Костовска, двајцата во борби, постигнаа значаен успех со освоени бронзени медали на првиот турнир годинава од Серија А, во јануари, во Атина, на кој учествуваа 1.094 каратисти/ки од 81 држава. Г.И.