ШАХ – ФИДЕ

Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) објави дека Турнирот на кандидатите за 2026 година и Турнирот на кандидатките ќе се играат на Кипар. Турнирот е последниот квалификациски чекор во циклусот за Светското првенство. Турнирот е закажан од 28 март до 16 април 2026 година. Овој настан првпат беше организиран во 1950 година и оттогаш го привлекува вниманието на шаховски свет, пишува ФИДЕ на својата интернет-страница.
На Турнирот на кандидатите ќе играат осумте најдобри светски шахисти, кои се квалификуваа преку ригорозен систем, заснован на заслуги, вклучувајќи ги Светскиот куп годинава, големиот турнир по швајцарски систем и рејтингот на ФИДЕ. Кај кандидатките, квалификацискиот пат го вклучува и ганпри-натпреварувањето. И на двата турнира ќе се игра двкружно, во 14 кола. Партиите се со темпо од 120 минути за првите 40 потези, плус 30 минути до крајот на партијата, со зголемување од 30 секунди по секој потег почнувајќи од 41-от. На играчите не им е дозволено да ремизираат пред 40-от потег на црниот. Минималниот награден фонд изнесува рекорден еден милион евра. Ако по 14. коло е израмнето на врвот, за првото место ќе се игра т.н. тајбрејк за да се одреди победникот што ќе го предизвика светскиот првак, а кој, пак, треба да се одржи во ноември 2026 година, информира ФИДЕ. Г.И.