Фото: ВМ Зоран Гавриловски/Приватна архива

ПОЕДИНЕЧНО СП ВО СОСТАВУВАЊЕ ШАХОВСКИ КОМПОЗИЦИИ 2022-2024

Македонскиот велемајстор (ВМ) за шаховски композиции (ШК) Зоран Гавриловски на 9-то Светско поединечно првенство (СП) во составување шаховски композиции 2022-2024, освои осми места во групата самоматови (во која беше светски вицешампион за периодите 2016-2018 и 2019-2021 н.з.), матови во три потези и матови во четири потези, како и 13-то место во групата матови во два потега. Солиден успех постигнаа и интернационалниот мајстор (ИМ) за шаховски композиции Златко Михајлоски со 11-то место во групата помошни матови и мајсторот Иван Денковски со 17-то место во групата ретро-проблеми.

На ова ова СП судеа вкупно 40 судии, по пет во секоја од осумте групи (Гавриловски беше судија во групата матови во три потези), кои оценуваа шаховски композиции од секој од учесниците, но не и сопствените. Сите шаховски композиции со освоени осум (од максимални 12) поени, се квалификуваа за вклучување во претстојниот ФИДЕ Албум 2022-2024 – официјална антологија на најквалитетни шаховски композиции за тригодишен период, што е и основа за доделување меѓународни титули за составување шаховски композиции. Секој селектиран шаховски проблем во ФИДЕ Албум се бодува со еден поен, а една шаховска студија со 1,67 поен. Гавриловски со 13-те нови поени сега има вкупно 171,5 во ФИДЕ албумите, а Михајлоски со новите четири поени има вкупно 61,83 поени, со што се доближува до освојување на титулата ВМ за која се потребни 70 поени.

Шанкар Рам од Индија беше директор на ова СП, кое (како и претходните) беше распишано од Светската федерација за шаховски композиции, на чиј состанок во склоп на Светскиот конгрес на шаховски композиции во романскиот град Алба Иулиа (5.-12.7.2025) беа прогласени резултатите. Г.И.

 

Зоран Гавриловски 3.-4. место Екипно СП 2021-2022

Фото: Приватна архива

Мат во два потега

Решение: 1.Сф6! (2.г3 мат), 1…Де4 2.Т:г4 мат, 1…Те4 2.Сд5 мат, 1…е4 ц 2.Д:ф5 мат, 1…Ле4 2.Л:е3 мат, 1…г3 2.х:г3 мат.