СКИЈАЧКИ СКОКОВИ – СВЕТСКИ КУП
Светската шампионка Ника Превц (Словенија) стана само третата во скијачките скокови со освоени три последователни титули во Светскиот куп (СК), по Полјакот Адам Малиш (од 2001 до 2003 година) и Норвежанката Марен Лундби (од 2018 до 2020 година).
Превц ја обезбеди титулата за сезонава со победата на натпреварот во четвртокот во Лахти (Финска), на шест натпревари пред крајот на сезоната. Таа вчера со уште еден триумф на истата скокалница стана најуспешната во една сезона во Светскиот куп, со вкупно 16 победи досега, една повеќе од Сара Таканаши (Јапонија), која го постави рекордот во сезоната 2013/2014, а Превц го израмни минатата сезона, пишува Интернационалната скијачка федерација (ФИС).
Таканаши е рекордерка во Светскиот куп во скијачки скокови со четири титули (освоени во 2013, 2014, 2016 и во 2017 година), а по три освоија Лундби и Превц. Н.М.
НАЈМНОГУ ТИТУЛИ ВО СВЕТСКИОТ КУП
Сара Таканаши (Јапонија) 4
Марен Лундби (Норвешка) 3
Ника Превц (Словенија) 3
































