Антон Златков

Во четвртото коло македонските претставници освоија вкупно четири поени од можни 13 или 30,7 отсто

ШАХ – ЕП ЗА МЛАДИ ВО ПРАГА

Две победи, четири ремија и седум порази, или вкупно четири поени, е епилогот на 13-те македонски преставници (30,7 отсто) во четвртото коло на Европското првенство (ЕП) за млади во Прага (во седум возрасни категории, до осум 10, 12 14, 16 и 18 години). Момчињата впишаа вкупно два поена од можни седум (една победа, две ремија и четири порази) или 28,5 отсто, додека девојчињата два поена од шест можни (една победа, две ремија и три порази) или 33,3 отсто. Вкупно, пак, по ова коло сите македонски шахисти/ки имаат освоено 19 поени од можни 52 (36,5 отсто), од кои момчињата 11 од 28 можни (39,2 отсто), додека девојчињата осум од 24 партии (33,3 отсто).
Засега од македонските шахисти најуспешен е ФМ Антон Златков на 22-то место со три поени (75 отсто), потоа Моника Жежовска на 26-то место со 2,5 поена (62,5 отсто), додека Павел Крстевски и Андреј Иванов имаат по два поена (50 отсто). Прв поен забележа и надежната македонска шахистка Илијана Велева, додека единствено Ефе Ибраимов сѐ уште е без освоен поен.
На ЕП во сите категории (момчиња и девојчиња) играат вкупно 1.231 учесник од 47 земји, од кои 190 со титули (еден ВМ, 13 ИМ, 88 ФМ. 31 ЖФМ, 31 КМ, 26 ЖКМ). Г.И.


Резултати, 4. коло

ДЕВОЈЧИЊА
8 год. (23) Малем Нгангбан (Холандија) – (23) Софија Беловска 1-0
10 год. (49) Беран Карабас (1.494, Турција) – (62) Андреа Цветановска 1-0
12 год. (60) Илијана Велева (1.556) – (90) Алба Плана (Косово) 1-0
14 год. (101) Ивана Велкоска (1.490) – (88) Савина Анемогиани (1.600, Грција) 0-1
16 год. (34) Јулија Пинол (1.909, Србија) – (7) Моника Жежовска (2.069) реми
18 год. (61) Инџи Ајрадиноска (1.812) – (44) Лидија Магразо (1.894, Шпанија) реми
МОМЧИЊА
8 год. (48) Васил Иванов (1.452) – (67) Васил Миличевиќ (Србија) реми
10 год. (42) Ерик Ејсимонт (1.727, Полска) – (76) Ахмет С. Абдурахман (1.602) 1-0
10 год. (67) Хамза Есмер (1.632, Луксембург) – (92) Дамјан Николовски (1.526) 1-0
12 год. (52) Павел Крстевски (1.873) – (7) Павел Бжежина (2.121, Полска) 0-1
14 год. (98) Андреј Иванов (1.879) – (61) АФМ) Јурген Сергорис (1.975, Шпанија) реми
16 год. (121) Оливер Барнс (1.915, Ирска) – (140) Ефе Ибраимов (1.770) 1-0
18 год. (36) ФМ Антон Златков (2.297) – (63) Акош Кочмар (2.181, Унгарија) 1-0