ОДБОЈКА – ПРВА ЛИГА, МАЖИ
Машката сениорска одбојкарска екипа на Струмица ја одбрани титулата во Првата лига, откако во четвртиот натпревар со 3-1 во сетови (25-21, 25-19, 16-25, 25-23) славеше над Штип УГД и со вкупни 3-1 во победи ја доби финалната серија. За струмичани тоа е осма шампионска титула во низа или вкупно 12-та во нивната клупска историја, со што ја продолжија доминацијата на домашната сцена. Тие ги добија првите две средби од оваа серија, го загубија третиот дуел на гости, а неизвесноста беше решена на четвртиот меч на свој терен во спортската сала „Парк“.
Нилсен со 26 поени, Кинтеро со 15 и Лепидовски со осум беа предводници кај струмичани, додека кај Штип УГД добро одиграа Задмард со 21 поен, Багаев со 18 и Гомез со осум реализации. Како што е познато, штипјани претходно триумфираа во домашниот Куп. Г.И.