Фото: ЕПА

Играчот на Голден стејт и на американската кошаркарска репрезентација, која се закити со злато на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз во 2024 година, а кој беше еден од најзаслужните за тоа, бекот Стеф Кари, е најплатениот кошаркар во НБА-лигата.
Според податоците што беа лиферувани во јавноста, Кари како кошаркар на Голден стејт има заработка од 55,8 милиони долари годишно, со што е убедливо на врвот на листата на играчи што најмногу заработуваа во НБА-лигата.
Зад него со приближно иста заработка се уште две големи ѕвезди на најсилната кошаркарска лига во светот, Џоел Ембид и Србинот Никола Јокиќ, кои годишно инкасираат по 51,4 милион долари. Во првите пет на листата се уште Бредли Бил и Кевин Дурент. Г.И.


Седум најплатени играчи во НБА

КОШАРКАР МИЛ. ДОЛ.
Стеф Кари 55,8
Џоел Ембиид 51,4
Никола Јокиќ 51,4
Бредли Бил 50,2
Кевин Дурент 49,9
Девин Букер 49,2
Карл-Ентони Таунс 49,2