ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ТУР ДЕ ФРАНС
Филипсен лани ја освои зелената маичка, а сега првпат ја облече и жолтата
Белгискиот велосипедист Јаспер Филипсен (27) ја забележа својата 10-та етапна победа во кариерата на најголемата трка во светот, но првпат ја облече и жолтата маичка, по првата етапа од вкупно 21 на 112-то издание на најпрестижната трка, Тур де Франс. Актуелниот шампион, Словенецот Тадеј Погачар, и Данецот Јонас Винегор, кој се очекува да биде негов главен ривал, беа во водечката група заедно со Филипсен, пишува „Би-би-си“. Филипсен имаше четири етапни победи во 2023 година и во тоа издание на грантур-трката Тур де Франс и со тоа ја освои зелената маичка како лидер во бодовниот пласман.
Французинот Бенжамен Тома ќе ја носи маичката со точки како лидер во планинскиот дел, откако победи на две од трите искачувања во првата етапа. Словенецот Примож Роглич и Белгиецот Ремко Евенепул поминаа низ целта 39 секунди по Погачар и Вингегор, а Британецот Сајмон Јејтс, годинашниот победник на Џиро д’Италија има повеќе од шест минути зад водечката група. Бегството на петтемина беше стигнато на повеќе од 100 км до крајот на етапата, која беше под влијание на странични ветрови, а беа видени и повеќекратни падови. Втората етапа (209,1 км) ридско возење беше на распоредот вчера. Г.И.
ТУРНИР „ЗАГРЕБ 2025“
Триумф на Гукеш во забрзан шах, синоќа се играше турнирот во брз шах
На третиот и последен ден од турнирот во забрзан шах од Голема шаховска турнеја „Загреб 2025“, по девет кола и многу возбудливи партии меѓу најдобрите светски играчи, првото место го освои актуелниот светски шампион во класичен шах, Индиецот Домарају Гукеш, со 14 поени. Втор е Јан Криштоф-Дуда од Полска со 11 бода, третото место го освои Магнус Карлсен од Норвешка со 10…
Карлсен, кој е недопирлив на врвот на светската ранг-листа во класичен, забрзан и во брз шах и трикратен победник на турнирот во Загреб, последните три кола ги одигра со голем ризик, прво го победи Американецот Фабијано Каруана, па ремизира со Узбекистанецот Нодирбек Абдусаторов и со Холанѓанецот Аниш Гири (во 133-от потег), и покрај тоа што имаше предност од два пешака, но во неизвесна топовска завршница. Во саботата и синоќа се играше и турнирот во брз шах.
Табела по турнирот во забрзан шах: Гукеш 14, Дуда 11, Карлсен 10, Каруана и Рамешбабу по девет, Фирузја, Со и Гири по осум, Шариќ седум, Абдусаторов шест. Г.И.