Фото: „Нова Македонија“

КОШАРКА – НБА
Дебитира на 18, игра на 40 – Леброн Џејмс испиша историја

Леброн Џејмс е првиот човек во историјата на кошаркарската НБА-лига што играл како тинејџер и со наполнети 40 години, кога настапи за Лос Анџелес лејкерс, кој загуби од Кливленд, пишува „Би-би-си“. Џејмс, кој дебитира во НБА како 18-годишник, во 2003 година, наполни 40 години на 30 декември. Тој постигна 23 поени во поразот со 122-110 на домашен терен, на дуелот на кој Кливленд да дојде до осмата победа по ред. Џејмс во 2023 година стана водечки стрелец на сите времиња во НБА. Тој освои четири титули во НБА, четири пати беше прогласен за најкорисен играч (МВП) и е во 22-та сезона во НБА, рекорд што го дели со сега пензионираниот Винс Картер. Кливленд остана на врвот во Источната конференција, а ЛА лејкерс е седми на Западот. Н.М.

АТЛЕТИКА
Чебет го собори сопствениот светски рекорд во трка на пет километри

Двојната олимписка шампионка Беатрис Чебет ја круниса годината соборувајќи го светскиот рекорд на 5.000 метри за атлетичарки на уличната трка на 31 декември во Барселона, откако 24-годишната Кенијка ја истрча патеката за 13 минути и 54 секунди и стана првата жена што во таа дисциплина има побрзо време од 14 минути, пишува „Би-би-си“. Чебет, која го освои златото на 5.000 и 10.000 метри на Летните олимписки игри лани во Париз, за 19 секунди го надмина својот претходен рекорд, поставен една година порано на истата трка. Покрај нејзиниот олимписки успех во 2024 година, таа го собори и светскиот рекорд на 10.000 метри во Јуџин, пред да ја освои својата втора титула во Дијамантската лига на 5.000 метри. Н.М.

СКИЈАЧКИ СКОКОВИ
Превц ја одбрани титулата на „Турнејата две ноќи“

Ника Превц (Словенија), актуелната победничка на Светскиот куп во скијачки скокови за сезоната 2023/2024, ја одбрани титулата на „Турнејата две ноќи“ со победите на двата натпревара во германските скијачки центри, Гармиш Партенкирхен, на 31 декември, и во Оберстдоф, на 1 јануари. Превц (529 бода) брзо се приближува до Катарина Шмид (Германија, 555 бода) во генералниот пласман во Светскиот куп и трката за кристалниот глобус. Н.М.