Фото: „Нова Македонија“

КОШАРКА – ЕП ЗА КАДЕТИ ВО СКОПЈЕ

Македонија десетта, злато за Естонија

Машката кадетска кошаркарска репрезентација на Македонија (до 16 години) го освои 10-то место на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, кое се одржа во Скопје, во СЦ „Кале“ и во СЦ „Борис Трајковски“. Во последниот дуел, во разигрувањето за пласман, Македонија загуби од Унгарија со 71-80.
Ѓорѓи Цветковски беше најефикасен во македонските редови со 24 уфрлени поени, додека кај противникот доминираше Зетени Курфис со 30 коша.
Македонија, предводена од селекторот Александар Јованчев, го заврши настапот во Скопје со победи над Украина, Шведска, Австрија, Данска и над Португалија, а загуби од Естонија во групната фаза и од Унгарија во разигрувањето за пласман.
Во конкуренција на 22 европски репрезентации, златото го освои Швајцарија, која во финалето ја совлада Романија со 76-71, додека бронзата ѝ припадна на Швајцарија, која беше подобра од Белгија со 80-75. Естонецот Роман Авдејев беше прогласен за најкорисен (МВП) играч на ЕП. Г.И.


РАКОМЕТ – ЕП ВО ЦРНА ГОРА

Кадетите завршија 19-ти

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија (до 18 години), со победа над селекцијата на Грција со 26-24, го заврши својот настап на Европското првенство (ЕП) за кадети, дивизија А, кое се одржа во црногорскиот град Подгорица, што беше доволно за 19-то место.
Предводени од селекторот Наум Танески, македонските кошаркари минимално загубија од репрезентациите на Франција, Германија и во клучниот меч за следната втората фаза против Полска. Црвено-жолтите ја впишаа првата победа против селекцијата на Украина, па доживеаја пораз од Грција, по што следуваше триумф против Италија, што, пак, им овозможи да играат за 17-то место.
Но поразот од репрезентацијата на Израел ги оддалечи од таквата можност, па следуваше последниот натпревар против Грција, кој всушност беше и успешен реванш за претходниот пораз на истото ова ЕП. Со овој пласман, македонските кошаркарски кадети успеаја да се пласираат на следното вакво ЕП, но и на ЕП за младинци во 2026 година. Г.И.