Стефан Козлов/Фото: Американска тениска асоцијација

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги искажа своите впечатоци од својот настап во второто коло на турнирот во Акапулко, Мексико. Поранешниот прв рекет на светот ноќеска го победи родениот скопјанец Стефан Козлов со резултат 6-0 и 6-3 по сетови.

– Натпреварот беше малку чуден. Стилот на Козлов е различен од повеќето други играчи, па морав да бидам внимателен. Ако играш во неговиот ритам, станува тешко. Добро ја контролира задната линија, тој е многу паметен тенисер. За мене беше важно да победам што е можно побрзо. Но, главната работа е победата што ја освоив во два сета, тоа е одлично – изјави Надал на прес-конференцијата по мечот.

Некогашниот најдобар светски јуниор Козлов во текот на турнирот во Акапулко тренираше заедно со Надал. Тој моментно ја зазема 130-та позиција на АТП-листата. Козлов е 24-годишен американски тенисер кој е роден во Скопје на 1 февруари 1998 година.