КАРАТЕ – ВИКЕНДОВ ВО РАБРАТ

Каратистите на Макпетрол и репрезентативци на Македонија, Петар Спасеновски (категорија до 84 кг) и Стефан Стојановиќ (над 84 кг), ќе настапат на четвртиот и последен турнир од престижната Премиер-лига, во Рабат (Мароко). Двајцата македонски каратисти се докажани повеќекратни европски и светски медалисти и се единствените што обезбедија норма да настапат на најсилната светска карате-лига, односно се меѓу најдобрите 32 рангирани на ранг-листата на Светската карате-федерација (ВКФ), што е и главен критериум за учество на турнирот во Рабат. Најдобрите македонски каратисти и на овој силен турнир ќе ги предводи тренерот на Макпетрол, Петар Заборски, кој, за жал, поради повреда, нема да учествува на завршниот турнир од лига-натпреварите за годинава. Во Премиер-лигата ќе се борат 32 најдобри каратисти во светот во секоја тежинска категорија. Во елиминацискиот дел секој каратист има три задолжителни борби во својата група, а потоа само прворангираниот ги продолжува борбите во четврт-финалето. Во Мароко за настап се пријавени 373 каратисти од 63 држави. Г.И.