Првото гран-при на оваа патека е одржано во 1950 година, во првата сезона на Светското првенство во Формула 1. Патеката е долга 7,004 км
ТРКА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА БЕЛГИЈА
По два слободни викенда, Формула 1 се упатува кон Спа-Франкоршан за 13-та трка сезонава, за големата награда на Белгија. Со враќањето на спринтот, форматот изгледа малку поинаку од традиционалниот распоред, па првиот слободен тренинг и квалификациите за спринтот се одржуваат денеска, по што утре следуваат спринтот (од 12 часот) и квалификациите за гранпри-трката (од 16 ч.), а главната трка е в недела (од 15 часот).
Првото гран-при во Формула 1 на оваа патека е одржано во 1950 година, во првата сезона на Светското првенство во Формула 1. Патеката во Спа-Франкоршан е долга 7,004 километри и е најдолгата патека во тековниот календар на шампионатот во Формула 1. Рекордот за најбрз извозен круг го држи Серхио Перез, од лани, најмногу пол-позиции има Луис Хамилтон, шест, најмногу победи оствари Михаел Шумахер, шест… Во минатите пет години на оваа патека славеа Хамилтон (во 2020 и во 2024 година) и Макс Ферстапен (во 2021, 2022 и во 2023 година).
По 12 трки сезонава води Оскар Пјастри со 234 бода, а потоа на табелата следуваат Ландо Норис со 226, Ферстапен со 165, Џорџ Расел со 147, Шарл Леклер со 119 бода… Н.М.