ФОРМУЛА 1
Првиот спринт сезонава во Формула 1 и втората трка во шампионатот за годинава на програмата се денеска и утре, во Шангај (Кина). По вчерашните квалификации за спринтот, трката со скратен формат (100 км) е денеска (од 4 часот), потоа се квалификациите за гран-прито (8 ч.), а трката за големата награда на Кина е утре (8 часот). Првото гран-при на патеката е одржано во 2004 година. Должината на патеката е 5,451 км, рекордот за најбрзо извозен круг го држи Михаел Шумахер од 2004 година. Најмногу пол-позиции и победи, по шест, има Луис Хамилтон. Минатата година победи Оскар Пјастри. Н.М.
































