ФОРМУЛА 1

Уште една спринт-трка во Формула 1 сезонава е на програмата викендов, откако комплетот од три трки во низа се заокружува со големата награда на Сао Паоло (Бразил).
Патеката Интерлагос создаде некои од најдраматичните моменти во спортот откако првпат се приклучи во календарот во 1973 година, вклучувајќи ги хаотичната трка во 2003 година на влажно време, титулата на Луис Хамилтон во 2008 година, возењето ролеркостер на Себастијан Фетел на патот до шампионатот во 2012 година и големиот дуел Макс Ферстапен – Хамилтон во 2021 година, пишува „Скај спорт“.
Ферстапен го собори сопствениот рекорд за најмногу победи во една сезона со својот 16. триумф годинава на трката во Мексико во неделата и ќе бара втора победа на трката во Бразил. Џорџ Расел ја оствари својата прва победа во Формула 1 во минатата година токму во Сао Паоло.
Хамилтон, пак, заостанува само 20 бода зад Серхио Перез во трката за второто место во шампионатот за возачи сезонава. Ова е последниот спринт-викенд во 2023 година, а распоредот на патеката Интерлагос секогаш дава неверојатни трки, пишува „Скај спорт“. По трката во Бразил викендов, сезонава следуваат уште две трки, и тоа во Лас Вегас на 19 ноември и во Абу Даби на 26 ноември.
Пласман на возачи: Ферстапен 491 бод, Перез 240, Хамилтон 220, Карлос Саинц 183, Фернандо Алонсо 183, итн. Н.М.