Фото: ЕПА

ВО ПРЕСРЕТ НА НОВАТА СЕЗОНА

Во француските алпи тренираат скијачи од Франција, Италија, Хрватска и од Канада, други селекции избраа локации во Швајцарија, Австрија и во Норвешка за да се вратат на снег летово, а на патеките се вратија и неколку повредени скијачи од минатата сезона, како Софија Гоџа, Александар Омод Килде, Марија Твиберг…, пишува ФИС

И покрај тоа што е лето и повеќето луѓе одат на плажа или се препуштаат на активности на топлото време, светот на алпското скијање веќе се вжештува на снегот, пишува Светската скијачка федерација (ФИС). Француските алпи станаа центар на оваа вонсезона, пречекувајќи голем број репрезентации што сакаат да ги продолжат тренинзите на глечер. Реномираното француско одморалиште беше домаќин на репрезентации од Франција, Италија, Хрватска и од Канада, а други селекции избраа локации во Швајцарија, Австрија и во Норвешка за да се вратат на снег летово.
Така, француската женска репрезентација предводена од Романе Мирадоли ги подобрува своите вештини на Алпите, а им се придружи францускиот машки тим, со скијачи како што се Клемен Ноел и Сиприен Саразин. Познатиот терен им нуди на овие спортисти удобно опкружување да се фокусираат на нивните подготовки за претстојната сезона.

На истата локација се и машкиот и женскиот репрезентативен состав на Италија, алпската селекција на Канада го премина Атлантикот, избирајќи ги Алпите како своја база за тренинзи, скијачката ѕвезда Лукас Браатен се одлучи за иконскиот Матерхорн за неговите тренинзи, скијачот од Андора, Жоан Верду, е во Австрија, хрватскиот тим за алпско скијање, исто така, ги засилува своите летни тренинзи…, пишува ФИС.
Скијачкиот свет е среќен со враќањето на неколку ѕвездени спортисти што се вратија на патеките по значителни повреди, па, така, италијанската ѕвезда Софија Гоџа се врати на тренинзите по тешката повреда што ја оддалечи во минатата зима, норвешкиот скијач Александар Омод Килде, кој се повреди во Венген, тренира во затворен скијачки центар во Норвешка, а и Норвежанката Марија Твиберг, исто така, се врати на снегот во истиот објект, пишува ФИС. Н.М.