ФОРМУЛА 1

Шест спринтерски трки, вклучувајќи три на нови локации, се во календарот на Формула 1 за следната година, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Вкупниот број на спринтови останува ист, првиот во 2026 година ќе се одржи во Шангај, а потоа во Мајами. Силверстоун, кој претходен пат беше домаќин на спринт во 2021 година, се враќа во календарот за спринт-трки. Формула 1 објави дека Монтреал, Зандворт и Сингапур ќе бидат домаќини на својот прв спринт-викенд, пишува АП. Нема да има спринт-трки во последните шест рунди од шампионатот. Календарот на Формула 1 за 2026 година има 24 трки. Спринтовите се пократки трки, на 100 километри, околу една третина од растојанието на еден гран-при. Според бројките на Формула 1, гледаноста на телевизија за време на спринт-викендите во 2024 година била во просек за 10 отсто повисока отколку во викендите без спринт, пишува АП. Н.М.