Фото: ШКВ Скопје 72

Шаховските ветерани не мируваат. Утре со почеток во 10:15 часот во шаховската арена „Еснаф“ во Скопје ќе се одржи вториот турнир во забрзан шах за ветерани (не помлади од 60 години) „Еснаф 2“. Во организација на ШК Ветерани Скопје 72, ќе се играат вкупно седум кола со временско темпо по играч од 15 минути плус 10 секунди за секој одигран потег, почнувајќи од првиот.

– На турнирот, кој е со просечна силина на играчите од 1.872 рејтинг-поени, пријавени се 19 учесници, меѓу кои и четворица ФИДЕ-мајстори (ФМ), Александар Кралевски (2.110, рангиран прв), Љубомир Илиќ (2.037, рангиран трет), Димитар Качаковски (1.988, рангиран петти) и Љубомир Хаџи-Манев, рангиран седми), што секако гарантира мошне инетересен и борбен турнир, како што впрочем е секогаш кога играат шаховските ветераните. Со одржувањето на овој турнир, ветераните само продолжуваат да ја зголемуваат својата играчка кондиција, која е неопходна за нивните настапи во шаховските арени – вели претседателот на ШК Ветерани Скопје 72, Илија Стошевски.

На првиот ваков ветерански турнир во забрзан шах во февруари годинава, исто така одржан во ресторанот „Еснаф“ во Скопје, а во чест на роденденот на македонскиот великан Гоце Делчев, во мошне силна конкуренција (21 учесник), победи Кралевски, втор беше Илија Тодоровски, а трет Стошевски.

– Овој турнир се одржува место претходно предвидениот закажан двомеч помеѓу ШК Ветерани Скопје 72 и младите надежи на ШК Гази Баба, но кој поради заминување на шаховски камп на младите шаховски надежи на ШК Гази Баба, истиот е одложен и ќе се одигра во друг временски термин, кој ќе биде дополнително договорен – појаснува Стошевски.

Г.И.