Фото: Архива

Утре (сабота), со почеток во 10.30 часот ќе се одржи тренинг-двомеч меѓу екипите на шаховскиот клуб на ветерани „Скопје 72“ и Националната спортска федеарција за слепи и слабовидни лица на Македонија (НСФССМ), кој ќе се одигра во ресторанот „Еснаф“ во Скопје.

– Овој двомеч се реализира врз база на Меморандумот за соработка меѓу овие два клуба, а домаќини ќе бидеме ние. Целта на овој двомеч е подготовка и проверка на формата на екипата на НСФССМ. Нивниот состав, се надевам предводен од селекторот, велемајсторот Трајко Недев, ќе дојде во најсилниот состав, оти и нашиот селектор, велемајсторот Драгољуб Јаќимовиќ инсистира на нашиот најсилен состав, а капитен ќе биде ФИДЕ-мајсторот Љубомир Илиќ. Се надевам дека оваа соработка како и досега, така ќе продолжи и во иднина – вели претседателот на клубот ШКВ Скопје 72, Илија Стошевски.

Темпото на играње ќе биде 50 минути, плус 20 секунди за секој одигран потег, почнувајќи од првиот, по играч. Екипите ќе се состојат од по шест играчи и три резерви. Судија на двомечот ќе биде ФИДЕ-мајсторот Љубомир Хаџи-Манев. Г.И.