ПРОЕКТ НА ШК ЛАСКЕР ОХРИД
Неодамна почна да се реализира проектот на шаховскиот клуб Ласкер Охрид, под името „Шах – уметност на мислата“. Како што информираат од клубот, проектот опфаќа одржување онлајн часови во времетраење на 60 минути еднаш неделно за напредни ученици од шаховската школа на ШК Ласкер Охрид, со лиценцираниот тренер Константин Лушески. Проектот опфаќа напредни часови по шах, а учесниците се поделени во групи според своите знаења. Часовите се одржуваат на платформата за шах „Личес“, со користење на Мaјкрософт тимс и Зум. Групите се формирани според знаењата на учениците, а бројот на ученици во група е намерно мал за да има поголема активност од учениците. Проектот се организира во согласност со Годишната програма за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид, и ќе трае до 31 октомври годинава, велат од клубот. Г.И.
































