Фото: ЕПА

ТЕНИС

Јаник Синер има убедливо водство на врвот на ранг-листата на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП), со 3.430 поени предност пред Карлос Алкараз, но бројките не ја кажуваат целата приказна, откако трката за број 1 во светот би можела да стане тесна, со потенцијално можно освојување на првото место, за време на северноамериканскиот дел од сезоната, на тврда подлога, пишува АТП.
Италијанецот брани 3.200 поени до САД опен, додека Алкараз, пак, брани само 60. Во нето-резултати, тоа ги остава Синер и Алкараз во виртуелна тесна трка за да се биде број 1 во светот еден ден по завршувањето на САД опен. Кој и да има подобар резултат во следните два месеца веројатно ќе го задржи првото место по четвртиот гранслем-турнир во годината, пишува АТП.
Синер брани 200 на турнирот во Канада, 1.000 во Синсинати и 2.000 на САД опен, а Алкараз 10 во Синсинати и 50 на САД опен. Синер, првиот Италијанец што стана број 1, беше на првата позиција 58 последователни недели, четвртиот најдолг дебитантски период во историјата на ранг-листата на АТП, а Алкараз, кој стана најмладиот број 1 во 2022 година, го имаше првото место вкупно 36 недели досега во својата кариера, пишува АТП. Н.М.