ФОРМУЛА 1 – ПО ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА САД
- Ферстапен победи во Лас Вегас, а водечките двајца во вкупниот поредок пред таа трка, Норис и Пјастри, беа дисквалификувани. Норис, кој сега води со по 24 бода повеќе од Пјастри и од Ферстапен, може да ја освои титулата в недела по трката во Катар ако освои два бода повеќе од двајцата ривали
Возачот на Ред бул, Макс Ферстапен, победи на трката за Големата награда на САД, во Лас Вегас, во Формула 1, и со 366 бода остана во конкуренција за петтата светска титула во низа, на две трки до крајот на сезоната.
Холанѓанецот ја забележа својата 69-та победа во кариерата во Формула 1, а шеста сезонава. Возачот на Мекларен, Британецот Ландо Норис, беше втор, ланскиот победник во Лас Вегас, Британецот Џорџ Расел од Мерцедес трет, Австралиецот Оскар Пјастри од Мекларен четврти…
Сепак, по завршувањето на трката, Норис и Пјастри беа дисквалификувани од трката поради технички прекршоци, односно беше утврдено дека блокаторите за заштита од лизгање на двата болида се помали од минимално дозволените според правилата, пишува „Би-би-си“.
Норис сега има 24 поени пред Ферстапен и пред Пјастри пред претпоследната трка од сезоната во Катар следниот викенд. Норис може да ја освои титулата и една трка пред крајот ако во Катар освои два поена повеќе од Ферстапен и од Пјастри. Последната трка сезонава е во Абу Даби по две недели. Норис и Пјастри се тркаат за своја прва титула.
Дисквалификацијата на Норис ги искачи возачите на Мерцедес, Расел и Италијанецот Кими Антонели, на второто односно на третото место на трката во Лас Вегас. Кај конструкторите веќе е познат победникот за сезонава, тоа е тимот на Мекларен, пишува „Би-би си“. Г.И.
ПЛАСМАН НА ВОЗАЧИ
Ландо Норис 390
Оскар Пјастри 366
Макс Ферстапен 366
Џорџ Расел 294
Шарл Леклер 226

































