Промените за сезоната во 2025 година содржат и зголемување на барањето за вклучување „млад возач“ за време на слободните тренинзи од еднаш на двапати во сезоната, а во меѓувреме беше претставено „значајно ажурирање“ на регулативите од 2026 година, потврдено е дека ќе има три претсезонски теста од по три дена за да се земат предвид новите енергетски единици, целокупното ниво на ограничувањето на трошоците останува „во сила“…
ФИА ДОНЕСЕ ИЗМЕНИ ЗА ИДНАТА СЕЗОНА
Дополнителниот бод за возачот со најбрзо извозен круг треба да се отфрли од сезоната во 2025 година, по одлуката на состанокот на Светскиот совет за моторни спортови на ФИА, пишува Формула 1 (Ф1). Советот на ФИА се состана во четвртокот, кога беа одобрени мали измени на постојните спортски и технички прописи, како и реструктурирање на правилата за сезоната во 2026 година.
Промените за сезоната во 2025 година вклучуваат укинување на бонус-поенот доделен на возачот што ќе го извози најбрзиот круг на една гранпри-трка во Формула 1, заедно со зголемување на барањето за вклучување „млад возач“ за време на слободните тренинзи од еднаш на двапати во сезоната.
Во меѓувреме беше претставено „значајно ажурирање“ на регулативите од 2026 година. Техничките прописи од 2026 година, кои првично беа одобрени во јуни, беа предмет на „обемни подобрувања“ во однос на аеродинамиката, благодарение на ефективната соработка помеѓу ФИА, Формула 1 и тимовите на Ф1, а тие приспособувања ќе доведат до повисоки перформанси на автомобилот, пишува Ф1.
Направено е и значително ажурирање на спортските регулативи од 2026 година, за „да се поедностави и модернизира нивната структура“, пишува Формула 1. Беа воведени мерки за регулирање на управувањето со енергијата на енергетските единици, како и управувањето со приспособливата аеродинамика, а потврдено е и дека ќе има три претсезонски теста од по три дена за сезоната во 2026 година, за да се земат предвид новите енергетски единици.
Исто така беше забележано дека целокупното ниво на ограничувањето на трошоците останува „во сила“ еквивалентно на сегашните нивоа, пишува Ф1. Дополнителни елементи за комплетирање на регулативниот пакет за 2026 година треба да бидат доставени до Светскиот совет за одобрување во наредните месеци. Н.М.