Водечките тенисери на АТП-листата синоќа играа меѓу себе во финалето на мастерс-турнирот во Синсинати, а тоа ќе има огромно влијание врз трката за првото место на ранг-листата на АТП, пред почетокот на гранслем-турнирот САД опен, в недела
ТЕНИС
Финалето на турнирот од серијата Мастерс 1.000 во Синсинати меѓу Јаник Синер и Карлос Алкараз синоќа ќе има огромно влијание врз трката за првото место на ранг-листата на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП), пред почетокот на гранслем-турнирот САД опен. Ако победил Алкараз во четвртиот меѓусебен меч сезонава, Шпанецот ќе ја предводи ранг-листата во живо на АТП откако ќе започне четвртиот гранслем-турнир во сезоната, в недела, иако Синер водеше пред Алкараз со 2.250 поени пред финалето во Синсинати, пишува АТП.
Се датира од минатогодишното Отворено првенство на САД, каде што Синер го освои трофејот, а Алкараз претрпе пораз во второто коло во Њујорк. Италијанецот освои 1.950 поени повеќе од неговиот голем ривал по тој турнир лани во Њујорк. Затоа, разликата не е толку голема како што изгледа. Ако Алкараз првпат триумфира во Синсинати, тој би се приближил на 1.900 поени до Синер, а откако ќе се отстранат нивните поени од САД опен во 2024 година во ранг-листата во живо, Алкараз би бил во водство со 50 поени, пишува АТП.
Синер, пак, со победа во Синсинати би добил 700 поени во негова полза и тој би ја предводел ранг-листата во живо со 650 поени, откако ќе бидат намалени од минатогодишниот САД опен, пишува АТП.
Во секој случај, трката за светскиот број 1 ќе биде во игра во Њујорк. За Синер со победа во Синсинати, единствениот начин на кој би можел да го гарантира своето заминување од САД опен како светски број 1 е со освојување на својот трет гранслем-трофеј сезонава. Алкараз, пак, би можел да го освои и првото место со освојување на Отвореното првенство на САД, без оглед на тоа како ќе одигра неговиот ривал на тој гранслем-турнир. Но ако Синер победи во Синсинати, Алкараз ќе треба да стигне до полуфиналето во Њујорк за да има шанса да го претекне Синер првпат откако Италијанецот се искачи на врвот на 10 јуни 2024 година, пишува АТП. Н.М.