Фото: Маја Јаневска-Илиева

Програмата е прва од ваков вид, со модерен и динамичен поглед на шахот, врвни играчи, ексклузивно покривање зад сцената и со свеж пристап на раскажување приказни, а ќе ги прикажува најголемите шаховски ѕвезди, интензивните ривалства и иконските моменти, комбинирајќи ја елитната конкуренција со привлечното раскажување приказни. Шахот сега е глобален феномен, со свои ѕвезди, драми и со огромен комерцијален потенцијал

Глобалната шаховска компанија „Светски шах“ и оператор на „Чес арена“, го најави почетокот на „Светското шаховско шоу“, глобална ТВ-програма, која ќе се емитува на 156 пазари на 53 мрежи. Програмата е прва од ваков вид, со модерен и динамичен поглед на шахот, врвни играчи, ексклузивно покривање зад сцената и со свеж пристап на раскажување приказни, пишува шаховски портал „Чесбејс“. Со речиси една милијарда обожаватели низ светот, шахот конечно обезбеди голема телевизиска програма што го одразува неговото културно и натпреварувачко значење. Светското шаховско шоу ја носи играта до широка глобална публика, правејќи ја привлечна и достапна. Серијата ги прикажува најголемите шаховски ѕвезди, интензивните ривалства и иконските моменти, комбинирајќи ја елитната конкуренција со привлечното раскажување приказни. Шахот сега е глобален феномен, со свои ѕвезди, драми и со огромен комерцијален потенцијал.
– Ова не е само ТВ-шоу, тоа е пресвртница за шахот како глобален спорт. Шахот долго време е недоволно застапен во мејнстрим-медиумите, и покрај големиот број следбеници. Светското шаховско шоу го менува тоа, правејќи го шахот попристапен, ангажиран и докажувајќи еднаш засекогаш дека му припаѓа ударниот термин – рече Илја Мерензон, извршен директор на „Светскиот шах“.
Првата емисија зборува за шахот во слободен стил (т.н. Фишеров шах), кој ја уништува подготовката на отворањата и ги остава велемајсторите сами да се грижат. Потоа големата дебата за контрола на времето, врвните играчи да изберат помеѓу класичен, забрзан или брз меч. Ова не е само шаховска претстава туку шахот е како глобален спектакл. Дебатите се жестоки, влогот е реален и првпат светот добива место во првиот ред за драмата зад потезите. Добре дојдовте на „Светското шаховско шоу“, пишува, меѓу другото, „Чесбејс“. Г.И.