К2, со 8.611 метри, е вториот највисок врв на светот, по Монт Еверест со 8.848 метри, и еден од најтешките за искачување

АЛПИНИЗАМ

Македонскиот планинар и алпинист, кардиологот Сашко Кедев, се искачи и на врвот К2 (8.611 метри), вториот највисок врв на светот, по Монт Еверест (8.848 метри), и еден од најтешките за искачување. Во април годинава, Кедев се искачи и на врвот Далугари (8.167 м), седмиот највисок врв на Хималаите, а лани во септември и на осмиот највисок врв, Манаслу (8.163 м).
Кедев е третиот Македонец (по Димитар Илиевски-Мурато во 1989 година и Глигор Делев во 2007 година) што се искачи на Монт Еверест (на 19 мај 2009).
Тој е единствениот Македонец што се искачи на највисоките врвови на сите седум континенти, и тоа на Мекинли/Денали во Северна Америка (6.194 метри), Аконкагва во Јужна Америка (6.962 м), Килиманџаро во Африка (5.895 м), Елбрус во Европа (5.642 м), Винсон на Антарктикот (4.892 м) и на Панџук Џаја/Карстенс Пирамидс во Индонезија/Австралија (4.884 метри). Л.Д.