Фото: ЕПА

ТЕНИС

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, ја победи Коко Гоф со 6-2, 4-6, 6-3, со што ја задржа титулата на Отвореното првенство во Мајами и го продолжи својот исклучителен почеток во 2026 година. Белоруската (27) е петтата тенисерка, а прва по Ига Швјонтек во 2022 година, која го комплетира т.н. Сончев двоен триумф со освојување титули во Индијан Велс и во Мајами во иста сезона. Викторија Азаренка, Ким Клајстерс и Штефи Граф се другите три тенисерки што претходно го постигнале тој подвиг.
Сабаленка освои три титули на 23 од 24-те натпревари во годинава. Нејзиниот единствен пораз беше во финалето на Отвореното првенство на Австралија во јануари од втората тенисерка во светот, Елена Рибакина, која беше единствената што освои сет против Сабаленка годинава, пред да го стори тоа сега Американката Гоф.
– Немав ни момент за да застанам и да сфатам што се случи во изминатите месеци. Многу сум горда на работата што ја завршивме и борбата што ја водев на теренот. Коко се бореше за секоја можност и играше неверојатно, но бев ментално силна. Знаев дека правам сѐ како што треба и дека беше само прашање на неколку поени – рече Сабаленка за „Скај спортс“, пренесе „Би-би-си“. Г.И.