БРЗ ШАХ

Македонскиот ФИДЕ-мајстор (ФМ), Роберт Велески постигна убав успех, освојувајќи го првото место на шаховскиот турнир со брзо темпо на игра (три минути плус две секунди по секој одигран потег) на хрватскиот остров Шолта. Во конкуренеција на 46 учесници (еден ВМ, четири ИМ, осум ФМ), Велески (2.135 рејтинг-поени, рангиран 17-ти пред почетокот на турнирот) по 11 кола освои девет поени (девет победи и два пораза), при тоа совладувајќи по двајца интернационални мајстори и ФИДЕ-мајстори, остварувајќи играчки перформанс од 2.398 рејтинг-поени и освои нови 74,6 рејтинг-поени во брз шах.

Второто место му припадна на искусниот велемајстор (ВМ) од Хрватска, Огњен Цвитан (2.452, рангиран прв) со 8,5 поени, а трет е неговиот сонародник, ИМ Срѓан Сале (2.370, рангиран втор), со осум поени. На турниот играа шахисти од БиХ, Германија, Унгарија, Молдавија, Македонија, Полска Холандија, Словенија, Србија, Турција, Сингапур и од Хрватска.

Велески сега игра на турнирот во истото место, но во класичен шах (90 минути плус 30 секунди по секој потег), во девет кола, во конкуренција на 66 шахисти од 16 држави, со вкупен награден фонд од 8.000 евра. Г.И.