ПОЕДИНЕЧНО ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ
Во четвртото коло на 25-то поединечно Европско првенство (ЕП) во шах, во Ефорие Норд (Романија), интернационалнот мајстор (ИМ) Емил Ристески (2.365, рангиран 183-ти пред почетокот на ЕП) и ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Роберт Велески (2.092, рангиран 309-ти), освоија по поливина поен, а ИМ Филип Панчевски (2.421, рангиран 152-ри) и ИМ Тони Лазов (2.400, рангиран 167-ми), ги загубија своите партии. Ристески го подели поенот со ИМ од Словачка, Филип Харинг (2.476, рангиран 106.), а Велески со Азербејџанецот Умид Асланов (2.274, рангиран 230.). Панчевски загуби од унгарскиот ВМ Адам Козак (2.601, рангиран 41.), а Лазов од норвешкиот ВМ Елхам Амар (2,533, рангоран 80.), кој пак, во претходното коло ремизира со Ристески.
По четири кола Ристески е на 140-то место со 2,5 поена, Панчевски е 163-ти, Лазов 165-ти, двајцата со по два поена, а Велески со 1,5 поен е 288-ми. Води ВМ Данил Јифа од Шпанија (2.654, рангиран 11.) со четири поени. На ЕП играат 375 шахисти од 40 земји (100 ВМ, два ЖВМ, 75 ИМ, девет ЖИМ, 72 ФМ, осум ЖФМ), од кои 42-ца со рејтинг над 2.600 поени. Г.И.