- Признанијата од публиката им припаднаа на Теодора Гулицоска и Никола Митревски
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на пригодна гала-свеченост, која се одржа во хотелот „Александар палас“ во Скопје, ги прогласи најдобрите за минатата натпреварувачка сезона. Изборот почна со минута молк за тренерите и спортски работници Александар Јовиќ и Илија Темелковски, кои починаа годинава. Притоа Темелковски беше и постхумно одликуван од Ракометната федерација на Македонија со награда за посебен придонес во ракометот.
За најдобра ракометарка во 2025 година беше прогласена пикерката Катерина Дамјаноска од екипата на Ѓорче Петров од Скопје, а најдобар ракометар е левиот бек Филип Кузмановски од тимот на Еурофарм Пелистер од Битола. Од публиката, пак, која гласаше во изборот за по 14 ракометари и ракометарки, преку социјалните мрежи, признанијата заминаа кај левиот бек од екипата на Чаир, Теодора Гулицоска, и кај голманот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски.
Ваквиот избор, кој подолго време не се одржуваше, новото раководство на Ракометната федерација на Македонија, на чело со претседателот Александар Стефанов, реши годинава повторно да го врати. Г.И.
Најдобри за 2025 година
ракометар Филип Кузмановски
ракометарка Катерина Дамјаноска
тренер (мажи) Кирил Лазаров
тренер (жени) Симе Симовски
млада ракометарка Марија Јанкуловска
млад ракометар Димитар Узунчев
интернационалка Ана Вранчиќ
интернационалец Дмитро Хорига
судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски
стрелец (мажи) Давид Димевски
стрелец (жени) Марија Анчева
ракометарка (социјални мрежи) Теодора Гулицоска
ракометар (социјални мрежи) Никола Митревски
за посебен придонес (постхумно) Илија Темелковски
































