Шах – почна силниот турнир во Вајк ан Зе
Светскиот шампион Карлсен седум пати победил на еден од најстарите шаховски турнири во светот, во Вајк ан Зе, Холандија, кој годинава се одржува по 84. пат
Полјакот Јан Кшиштоф-Дуда, Индиецот Гујрати Видит и ланскиот победник, Холанѓанецот Џорден ван Форест, единствени забележаа победи во првото коло на еден од најстарите шаховски турнири во светот, во Вајк ан Зе, Холандија, кој годинава се одржува по 84. пат.
Светскиот шампион Магнус Карлсен (2.865 рејтинг-поени, рангиран прв во светот), кој седум пати победил на овој турнир и е рекордер, го подели поенот со црни фигури со Русинот Андреј Есипенко (2.714) по 21 одигран поен. Веројатно поучен од ланскиот пораз од младиот Русин, Магнус реши да не ризикува во приближно еднаква позиција. Главниот фаворит покрај Карлсен, Американецот Фабијано Каруана (2.792), исто така ремизира, со Русинот Сергеј Карјакин. Второто коло се игра денеска.
Турнирот, кој е со јачина од 20. категорија (2.737 е просечниот рејтинг на 14-те учесници) ќе се игра до 30 јануари, а победникот ќе биде познат по одигрувањето на 13 кола (еднокружен систем).
Резултати, прво коло: Дуда (2.760) – Рапорт (2.763) 1-0 (по 41 потег), Видит (2.727) – Шакланд (2.708) 1-0 (73), Ван Форест (2.702) – Гранделиус (2.672) 1-0 (44), Каруана (2.792) – Карјакин (2.743) реми (50), Гири (2.772) – Прагнанада (2.612) реми (44), Дубов (2.720) – Мамеѓаров (2.767) реми (30), Есипенко (2.714) – Карлсен (2.865) реми (21). Г.И.