ФОРМУЛА 1 – РАСПОРЕД ЗА ИДНАТА СЕЗОНА

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) го објави календарот за Формула 1 (Ф1) за 2026 година, кој повторно ќе има 24 трки, при што трката во Мадрид ќе ја замени таа за големата награда на Емилија Ромања. Сезоната треба да почне на 8 март во Австралија и да заврши на 6 декември во Абу Даби.

Воведувањето на трката во Мадрид е дел од поширок комплет промени во календарот, кои главно се насочени кон намалување на трошоците за транспорт и емисиите на јаглерод. За да се подобри логистиката и да се намалат патувањата, трката во Канада ќе се одржи веднаш по таа во Мајами, во мај, што ќе овозможи девет европски трки да бидат групирани во текот на летото, од Монако на 7 јуни до Мадрид на 13 септември.

Календар на Формула 1 за 2026 година: Австралија (Мелбурн, 8 март), Кина (Шангај, 15 март), Јапонија (Сузука, 29 март), Бахреин (Шахир, 12 април), Саудиска Арабија (Џеда, 19 април), САД (Мајами, 3 мај), Канада (Монтреал, 24 мај), Монако (Монако, 7 јуни), Шпанија (Барселона, 14 јуни), Австрија (Спилберг, 28 јуни), Велика Британија (Силверстон, 5 јули), Белгија (Спа, 19 јули), Унгарија (Будимпешта, 26 јули), Холандија (Занворд, 23 август), Италија (Монца, 6 септември), Шпанија (Мадрид, 13 септември), Азербејџан (Баку, 27 септември), Сингапур (Сингапур, 11 октомври), САД (Остин, 25 октомври), Мексико (Мексико Сити, 1 ноември), Бразил (Сао Паоло, 8 ноември), САД (Лас Вегас, 21 ноември), Катар (Лусаил, 29 ноември), Абу Даби (Јас Марина, 6 декември). Г.И.