Фото: ШФМ

Поединечно најуспешни по седум кола се Златков и Крстевски со по четири поени

ШАХ – ЕП 2024 ЗА МЛАДИ ВО ПРАГА

Пет победи и по четири ремија и порази или вкупно седум освоени поени впишаа 13-те македонски преставници во седмото коло, што е и најуспешно досега за нив на Европското првенство (ЕП) за млади во Прага (возрасни категории до осум 10, 12, 14, 16 и до 18 години). Цел поен освоија Павел Крстевски, Ефе Ибраимов, Моника Жежовска, Инџи Ајрадиноска и Андреа Велкоска (беше слободна). По трите победи во низа, Илијана Велева го впиша првото реми. Момчињата во ова коло освоија 3,5 поени од можни седум (по две победи и порази и три ремија), а девојчињата 3,5 поени од шест партии (три победи, едно реми и два пораза). По седум кола, поединечно најуспешни се ФМ Антон Златков на 38-то и Крстевски на 44-то место со по четири поени. На ЕП 2024 играат вкупно 1.231 учесник од 47 земји, од кои 190 со титули. Г.И.


Резултати, 7. коло

ДЕВОЈЧИЊА
8 год. (23) Беловска – (47) Скуте (Данска) 0-1
10 год. (62) Цветановска – (63) Дорфман (1.449, Ц. Гора) 0-1
12 год. (60) Велева (1.556) – (34) Јаноускова (1.672, Чешка) реми
14 год. (101) Велкоска (1.490) слободна 1-0 *
16 год. (7) Жежовска (2.069) – (61) Речица (1.791, Косово) 1-0
18 год. (83) Абесада (1.468, Азербејџан) – (61) Ајрадиноска (1.812) 0-1
МОМЧИЊА
8 год. (64) Калин (Турција) – (48) В. Иванов (1.452) реми
10 год. (92) Николовски (1.526) – (38) Стојанов (1.479, Монако) 0-1
10 год. (76) Абдурахман (1.602) – (52) Мегагианис (1.677, Грција) реми
12 год. (93) Влах (1.649, Луксембург) – (52) Крстевски (1.873) 0-1
14 год. (23) Зандер (2.152, Данска) – (98) А. Иванов (1.879) 1-0
16 год. (147) Саморуков (1.477, Монако) – (140) Ибраимов (1.770) 0-1
18 год. (55) Бакиел (2.216, Полска) – (36) ФМ Златков (2.297) реми